По премиерата во Љубљана на проекцијата на романтичната комедија „Нешто слатко“, во режија, сценарио и продукција на стендап-комичарот Тин Водопивец, филмот премиерно се прикажа во киното „Синеплекс“.
Филмот „Нешто слатко“, благодарение на „Процес к продукција“, главниот дистрибутер за Македонија, овозможи македонската публика оваа љубовна комедија наскоро да ја види и во киносалите низ нашата земја.
Главните ликови ги толкуваат нашите актери: Сашко Коцев во ликот на Аце Мајсторовски и Јелена Јованова-Периќ како Каја, а филмот е полн со збунетост, забавни заплети и пресврти, каде што кариерата на Каја – организаторка на маркетинг-конференции виси на конец кога нејзиниот главен адут Аце Мајсторовски, маркетинг-гуру од Македонија, го пропушта својот лет.
За да се избегне катастрофа, таа му наоѓа замена – локален слаткар што личи сосема на него. Во другите главни улоги играат: Ула Фурлан, Оријана Џирото и Ранко Бабиќ.