Фото: СЦ „Јане Сандански“

Најголемите македонски хитови од 1990-те и 2000-те години вечерва ќе се пејат во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 20 часот. Концертот насловен „99 Мегастарс“ ќе нѐ врати назад во времето, а тогашните наши музички ѕвезди повторно пред публиката ќе ги запеат своите наголеми хитови.

Временската машина ќе ја возат Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Мартин 99 Трпчевски и Миа Костова, а како звучеше македонската музика на времето ќе нѐ потсетат: Искра Трпева, Peace Brothers, Ластовица, Марјан Стојановски, Кристина Арнаудова, Ребека, Маја Гроздановска-Панчева, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Андријана Јаневска, Верица Пандиловска, Александар Тарабунов, Арчи, Сара Мејс, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Нови дечки, Тони Зен, Ивона Јо, Ластовица, Дуо Дис, Наде Талевска, Дарко Гроздановски, Мила Николовска-Ѓумар, Александар Ристовски – Принц…

И повторно ќе се забавуваме слушајќи ги незбаоравните рефрени: „Да пукнеш леле што ми направи“, „Скопските девојки“, „Кучка неверна“, „Постела рози“, „Твоето писмо моја Библија…“ , „Мачката со девет животи“ , „Допри ме“…и многу други.