Фото: Пиксабеј

Слабеењето е процес што секој одлучува да го направи одвреме-навреме или барем оние што се борат со вишок килограми. Имајќи предвид дека денес има безброј диети и тренинзи за слабеење, ќе наидете на совети што не се проверени или базирани на научни податоци.
Имено, тајната на здравото слабеење не треба да биде слепо придржување кон сите совети и правила што сте ги слушнале, а има и некои што дефинитивно не треба да ги следите.

Секогаш појадувајте, дури и кога не сте гладни

Често слушаме дека прескокнувањето на појадокот е една од најголемите грешки при слабеење. Меѓутоа експертите велат дека појадокот не е строго неопходен за здраво слабеење.
Во истражувањето спроведено на оваа тема се покажало дека прескокнувањето на појадокот може да резултира со слабеење, а единствено е важно тоа да не стане навика. Луѓето што го прескокнале појадокот консумирале 144 калории повеќе за ручек во споредба со оние што појадувале, но нивниот вкупен број на калории бил 408 помалку.

Избегнувајте ги сите масти

Прекумерното внесување маснотии е една од главните причини за зголемување на килограмите, но нутриционистите велат дека тоа не значи дека треба да ја избегнувате секоја мрсна храна, бидејќи тоа нема да ви помогне побрзо да ги намалите килограмите.
Наместо тоа, фокусирајте се на храна што содржи таканаречени здрави масти, како што се ореви, маслиново масло, семки и риба, бидејќи тие му помагаат на вашето тело да ги апсорбира важните хранливи материи.

Фото: Пиксабеј

Од некои намирници мора целосно да се откажете

Иако некои нездрави намирници е најдобро да се избегнуваат, тоа не значи дека воопшто не треба да ги јадете. Најважната работа во слабеењето се навиките, па нутриционистите велат дека можете слободно да јадете што било доколку не претерувате. Ако сакате чипс, тоа не значи дека не можете да јадете неколку парчиња еднаш месечно. Со целосно откажување од нездрава храна, вашето тело само уште повеќе ќе ја посакува.

Немојте да слабеете брзо

Иако често се препорачува постепено слабеење, најновите истражувања покажуваат дека брзото почетно слабеење на ниту еден начин не го зголемува ризикот од враќање на тежината. Покрај тоа, брзото губење на тежината се чини дека е корисно за нејзино долгорочно губење.
Студијата покажа дека луѓето што брзо изгубиле тежина во текот на првиот месец од диетата имаат пет пати поголеми шанси да изгубат 10 отсто од својата телесна тежина во рок од 18 месеци, во споредба со оние што слабеат побавно.

Фокусирајте се на кардиовежбите

Познато е дека кардиовежбите ефикасно го намалуваат нивото на стрес и имаат голем број придобивки за вашето срце, како и за целокупното здравје. Сепак, според неодамнешните истражувања, кардиото не е нужно најдобрата стратегија за слабеење.
Ефективноста на овие вежби ќе зависи од поединецот, така што некои луѓе губат тежина, додека други не можат. Многу тренери се согласуваат дека за најдобри резултати, идеално е да се комбинираат вежби за сила со трчање, одење и слични активности.