Истражувачите од универзитетот „Либек“ во Германија открија дека со промена на една навика во исхраната можеме да изгубиме повеќе килограми.
Имено, нивното истражување откри дека е важно кога имаме оброци, односно дека појадокот повеќе го стимулира метаболичкиот процес познат како термогенеза предизвикан од исхраната отколку вечерата.
Поедноставно кажано, појадокот ни овозможува да согориме двојно повеќе калории од вечерата. Затоа е подобро да појадувате обилен оброк доколку сакате да ослабете. Оваа замена ќе ви помогне и да го регулирате шеќерот во крвта.
Патем, термогенезата предизвикана од храна се однесува на бројот на калории што телото ги троши за загревање на телото за време на варењето на храната. Термогенезата била 2,5 пати поголема кога испитаниците имале богат и калоричен појадок.
Ова истражување исто така откри дека појадокот што има помалку калории и помалку хранлива вредност предизвикува поголема желба за шеќер во текот на денот и го зголемува апетитот. Затоа најдобро е да јадете калорична храна на почетокот на денот, а за вечера земете едноставен и поздрав оброк полн со витамини и влакна.