Јапонскиот бренд „Челато“ го создаде луксузниот сладолед „бјакуја“, кој влезе во Гинисовата книга на рекорди со цена од порција од 5.980 евра.
Јапонскиот луксузен бренд за сладолед „Челато“ постави гинисов рекорд за најскапа порција сладолед, кој чини неверојатни 5.980 евра.
Овој луксузен сладолед богат со протеини се нарекува „бјакуја“ и се состои од мешавина од бели тартуфи, избор на сирења, кои вклучуваат традиционален италијански пармезан и оризов вински талог (саке), кој е познат како еден од најскапите производи во светот.
Опишан е како „деликатес со кадифена основа направена од млеко и најфините сирења и неодоливи ароми на тартуфи, блага сладост, сложен вкус и луксузна, мека текстура“.
Според цената и статусот се служи во гламурозна црна кутија и рачно изработена лажица направена од занаетчиите на Такеучи во Фушима, користејќи ја техниката што се користи за изградба на храмови.
Но, за жал, не можете да ја понесете лажицата со себе бидејќи не е вклучена во цената! Имено, производителите тврдат дека лажицата не е причината за високата цена, туку белите тартуфи, кои се увезуваат од италијанската Алба, од кои порција чини 1.365 евра.