„Симултан бакнеж“ е насловен претстојниот концерт на битолскиот состав „Фолтин“, кој ќе се одржи на 16 август на Ракометното игралиште во Битола со почеток во 20 часот.
Настанот ќе го отворат младите битолски бендови „Цар фон Тајм“, „Сиото џез“ и „Короужн“, а специјален гости е скопскиот ска-панк состав „Суперхикс“.
– Ако е летото жешко, нека е таква и музиката – велат од бендот.
Концертот е дел од августовската домашна турнеја на „Фолтин“.