Фото: Принтскрин

Излезе новиот албум на „Суперхикс“ насловен „Сила и нервоза“, а на музичките платформи беше поставен и последниот сингл, кој го носи истото име како албумот.

Оваа песна „Суперхикс“ ја сними заедно со битолската музичка формација „Фолтин“.

– Овој сингл е плод на едно долгогодишно музичко скопско-битолско пријателство и носи една локална, многу вистинита порака – велат музичарите.

Видеозаписот е снимен во студиото „Тра ла ла“ под продуцентска палка на Мите Димовски. Во снимањето на спотот и видеото учествуваа сите, вкупно на број 12 члена на овие бендови.

Албумот е веќе поставен на сите можни музички платформи, а се наоѓа и во цеде- формат. Наскоро ќе биде објавено и винил-издание.