Некогаш една од најкорисните намирници, денес не е многу популарна и ретко се наоѓа во нашите чинии, но сосема неправедно. Ротквичката има многу ниска калориска вредност и токму затоа е одлична за слабеење. Богата е со многу хранливи материи што исклучително позитивно влијаат на здравјето на организмот. Дополнителен плус е што оваа храна не чини многу.
Станува збор за растение што потекнува од семејството на зелките, чие одгледување започнало на Блискиот Исток, од каде што се проширило низ светот. Во Европа ротквичката била една од најчестите намирници до откривањето на Америка и појавата на компирот.
Без разлика дали ќе ги изберете листовите или коренот, ротквичката е богат извор на витамини од групите Ц и Б, особено на витамин Б9, кој позитивно влијае на срцето и на развојот на нервниот систем на плодот. Покрај тоа, содржи и Б6 и К, чиј недостиг е поврзан со срцеви заболувања и остеопороза.
Покрај тоа, според неодамнешните истражувања, ротквичката има и изразени антиинфламаторни својства, што може да им се припише на глукозинолатите.
Една чаша од 130 грама свежа ротквичка исечкана на коцки има само 36,4 калории, занемарливи масти, 1,17 г протеини, 8,36 г јаглени хидрати, од кои околу половина се шеќер, 2,34 г влакна, 87, 1 мг натриум, 39 мг калциум, 351 мг фосфор, 27,3 мг витамин Ц, 14,3 мг магнезиум, а содржи и цинк, железо, фолати, витамин К. Можете да ја приготвите на многу различни начини. Најчесто се готви на пареа или во вода, а може да се консумира и како супа или чорба. Оваа здрава чорба ќе ве загрее во овие студени зимски денови.