Ретка кинеска статуа на Буда пронајдена во семејна куќа во Франција се очекува да достигне цена од еден милион евра на аукција во Париз.

Аукцијата ќе се одржи на 13 јуни, во организација на аукциската куќа „Бонам“, пренесува „Ројтерс“.

Според податоците на оваа аукциска куќа, станува збор за многу ретка дрвена статуа за која се верува дека е дел од комплет, а која била создадена во 12 или 13 век за време на династијата Јин.

Статуата е висока малку повеќе од еден метар, а последен пат му била продадена на семејство од околината на Париз во 1930-тите години, кое не било свесно за нејзината вредност додека не повикало проценител. Има само неколку такви статуи во светот и тие најчесто се во музеи.