Дигитално скенирање египетска мумија откри дека мумифицираното тело на тинејџер содржи дополнително срце од злато, како и десетици други амајлии за кои Старите Египќани верувале дека се важни за задгробниот живот. Мумијата се наоѓа во подрумот на Египетскиот музеј во Каиро од 1916 година, а датира од 300 година пр. н.е.
Радиологот Сахар Салим од Универзитетот во Каиро и нејзините колеги дигитално, односно преку компјутерска томографија, ѕирнаа во малата мумија покриена со злато и открија 49 амајлии од 21 тип. Покрај тоа што научниците пронајдоа златен скараб од три сантиметри во градната празнина на мумијата, кој го симболизира срцето, открија и златен јазик во устата на черепот, амајлија до пенисот и други верски предмети изработени од злато, полускапоцени камења и керамика во светли бои. Според експертите, срцето на момчето останало во неговите гради како духовен симбол, како што е вообичаено кај египетските мумии. Старите Египќани верувале дека амајлиите го штитат покојникот за време на напорното патување до задгробниот живот.
Истражувањето со наслов „Скенирање и тридимензионално печатење со помош на компјутерска томографија на мумијата Златното момче“ беше објавено во списанието „Фронтиерс оф медисин“.