Фото: Пиксабеј

Септември е месец во кој летото влегува во потивка фаза. Во последните дваесетина дена од најтоплиот период од годината, кога минува главниот туристички бран, најпознатите, но и помалите и поскриени дестинации дишат ослободени од туристи, големи метежи и екстремни температури. Тогаш оние што работеле цело лето ги користат сите предности и поволности што ги носи септември за да го поминат заслужениот одмор на најдобар можен начин. А предностите од одењето на одмор во септември се многубројни.
Како прво, метежот е многу помал, а цените се попристапни. Септември носи пониски температури и промени во природата, па со излегување надвор од урбаните средини можете максимално да уживате во прекрасните раноесенски бои. Тоа е идеално време за активности на отворено, за прошетки, планинарење и уживање во глетките и звуците на природата. Идеално време е и за одење на море, бидејќи водата е идеална за капење, времето е многу попријатно, цените исто така пониски, а метежите многу помали.
А кога активен или пасивен септемвриски одмор и сите можни начини за релаксација и уживање ќе додадат малку морско или планинско гастрономско задоволство, септемвриското искуство на одмор е комплетно!