Фото:ЕПА

Според порталот „24сата.хр“, Кристијан Бејл со семејството минатата недела пристигнал во Хрватска и бил на Хвар, а потоа заминал во Мљет. На страницата на Инстаграм на луѓе што се занимаваат со изнајмување велосипеди се појави фотографија од познатиот актер.
– Погодете кој возеше велосипед со нас денес? Нема погрешен одговор – напишале тие, а меѓу понудените одговори биле Кристијан Бејл, Брус Вејн и Бетмен.
„Бетмен пристигна во Хрватска“, „Легенда“, „Тој е толку кул“, „Легендарниот Бетмен“ се само дел од коментарите под објавата.

Бејл го толкуваше ликот на Брус Вејн, односно Бетмен, во неколку филма на Кристофер Нолан.