Експертите сметаат дека треба да консумирате до четири шолји кафе дневно, но многумина го пијат во многу поголеми количества, што може да влијае на здравјето. Истражувањето објавено во списание за психофармакологија покажа дека премногу кофеин предизвикува прекумерен стрес, анксиозност, па дури и депресија. Може да почувствувате и нарушувања на спиењето. Иако редовното пиење кафе има многу здравствени придобивки, намалувањето на дневното внесување кафе на минимум може да ви помогне да одржите квалитетен сон, пишува „Ит дис, нот дет“.
Може да се појави и аритмија. Дали некогаш ви се тресат рацете откако ќе испиете премногу шолји кафе? Доколку сте наишле на овој феномен, дефинитивно треба да се консултирате со лекар. Покрај тоа, ќе наидете на главоболки и редовни напади на паника.
Се разбира, повеќето од нас кога се чувствуваат уморно особено пијат кафе и други пијалаци што содржат кофеин. Меѓутоа, негативниот ефект се зголемува ако додадеме премногу шеќер. Истражувањето објавено во „Иновејшнс ин клиникал неуросајенс“ покажува дека честото консумирање пијалаци со кофеин доведува до прекумерен замор и исцрпеност. Нивото на енергија се намалува како што кофеинот исчезнува од телото. Никогаш не пијте кафе затоа што сакате да останете будни подолго. Нарушениот сон ќе предизвика уште поголем замор во текот на следниот ден и ќе западнете во маѓепсан круг.