Тешко е да изгубите тежина на здрав и одржлив начин без да внесувате соодветни нивоа протеини во вашата секојдневна исхрана. Како прво, протеините ви помагаат да се чувствувате сити подолг временски период и ги намалуваат хормоните на гладот. Протеините исто така имаат повисок термички ефект на храната отколку мастите или јаглехидратите, што значи дека вашето тело согорува повеќе калории кога ги јадете. И згора на тоа, протеините може да ви помогнат да изградите мускулна маса.
Иако внесувањето доволно протеини е клучно за здраво слабеење, квалитетот на вашиот протеин е исто така важен, особено затоа што има многу протеини со низок квалитет, сиромашни со хранливи материи.

Јајца
Можете да ги јадете подготвени на повеќе начини, но како и да одберете да јадете јајца, тие гарантирано ќе ви дадат протеински поттик секојпат. Со само околу 70 калории, јајцата се преполни со протеин што го контролира апетитот, кој ќе ве засити и ќе ви помогне да избегнете прејадување подоцна во текот на денот. Всушност, истражувањата покажуваат дека јадењето јајца за појадок го намалува внесувањето калории во следните 24 часа.
Покрај тоа, јајцата се исто така добар извор на витамин Д, а недоволното ниво на витамин Д е поврзано со повисоки нивоа на маснотии во стомакот.

Грав
Гравот е исклучително здрава храна богата со протеини бидејќи е богат со влакна и содржи многу протеини. Оваа комбинација на протеини и растителни влакна го прави гравот исклучително заситена намирница, така што помага да се намали внесувањето (и калориите) за време на оброкот, па дури и да се спречи прејадување за време на ужина и вашиот следен оброк.
Луѓето што јаделе оброк во кој гравот бил извор на протеини, консумирале 12 отсто помалку калории при следниот оброк, благодарение на ситоста што ја создава гравот.
Се разбира, сè што ви помага помалку да грицкате брза храна е добра вест за вашата половина. А фактот дека тие се разновидни, вкусни, достапни и одржливи значи дека тие се еден од најдобрите извори на протеини за губење на тежината.

Грчки јогурт
Според Лејни Јанкин, диететичар за слабеење во „Лејни Јанкин нутришн“, грчкиот јогурт е една од најдобрите намирници богати со протеини за губење на тежината, особено како појадок или ужина.
– Иако многу луѓе мислат дека јајцата се најдобрата опција за појадок со висока содржина на протеини, едно јајце има само шест грама протеини во споредба со една порција грчки јогурт, кој содржи 15-17 грама протеини – вели Јанкин.
За најздравата опција грчки јогурт изберете верзија со 2 проценти или со малку маснотии. Ова ќе ви обезбеди малку маснотии, кои заедно со протеините ќе ве одржуваат подолго сити. Може да се меша со бобинки за влакна и природна сладост.

Пилешки гради
Една од најразновидните протеински опции за губење на тежината се пилешките гради.
– Пилешките гради без коски и кожа се одлична опција богата со протеини бидејќи се со малку маснотии и висококвалитетни протеини – вели тој.
Во една порција ќе добиете околу 26 грама протеини, плус есенцијалните аминокиселини потребни за раст на мускулите, поправка и целокупна функција на телото.

Туна
Конзервираната туна е еден од најлесните начини да се добие големо количество протеини. Можете да направите сендвич со туна, да ја ставите во салата, да ја јадете со крекери или едноставно да уживате во неа директно од конзервата. Во секој случај, ќе го третирате вашето тело со речиси 25 грама целосни протеини по порција, плус голема доза здрави масти.