Во денешно време е вообичаено познатите личности да имаат повеќе занимања. На пример, актерката Кристен Бел е косопственичка на компанија што произведува гранола-плочки, актерката Џенифер Гарнер создава линија на органска храна за бебиња, пејачот Џон Бон Џови има свој бренд за сос за тестенини. А сега и популарниот пејач Ед Ширан одлучи да излезе од светот на музиката и да се испроба во гастрономијата.
Ширан одлучи да остави својата трага во светот на храната создавајќи свој уникатен бренд за лут сос. Тој сакаше да направи лут сос што има иста конзистентност како кечапот, а од овој месец во продажба се два вида сосови. И двата се направени од црвени пиперки халапењо, чили, разни зачини и растенија, пишува „Мешд“.
Тој вели дека неговите лути сосови се одлични за секој оброк во секое време од денот.
– Немојте само да ги ставате на банана – изјави пејачот.