Многумина веруваат дека само ако јадат премалку или воопшто не јадат можат да ослабат. Тоа не е вистина. Вистина е дека можете да јадете некои од вашите омилени работи без страв дека ќе се здебелите, но само ако знаете како да ги планирате оброците. Верувајте ми, ќе се чувствувате задоволно во текот на целиот ден.
Пуканки
Сите ние треба да имаме диета богата со растителни влакна, кои не само што даваат енергија туку се и храна на која ѝ треба долго време да се вари. Ова предизвикува да бидете сити подолго време со помалку калории. Најдобрите примери за храна што е полна со растителни влакна се цели зрна, зеленчук и овошје. На таа листа се и пуканките, кои се богати со растителни влакна, нискокалорична закуска полна со цели зрна, но важно е да ги добиете оние што содржат малку натриум. Околу една шолја од овој вид пуканки има само околу 30 калории.
Супа
Иако течностите не го потиснуваат апетитот на луѓето, тие секако можат да ви помогнат да се чувствувате сито. Супите се совршен пример, а тоа го покажува студијата објавена во магазинот „Апетит“, која заклучила дека супите се позаситувачки отколку целосно цврстите оброци. Учесниците што јаделе супа консумирале 20 отсто помалку калории до крајот на денот.
Супите се позаситувачки од просечниот оброк. Ова го потиснува хормонот грелин, кој му кажува на телото да јаде помалку.
Јаболка и банани
Закуски се одличен начин да ја зголемите вашата енергија за време на попладневниот пад, но од витално значење е да знаете кои е најдобро да ги јадете. Храната како јаболка или банани е полна со влакна и калиум.
Овесна каша
Ако следите разни нутриционисти на социјалните мрежи, може да забележите дека многу од нив уживаат во овесната каша. Овесот е идеален за слабеење бидејќи има цели зрна и големо количество влакна.
Една студија од Флорида наведува дека овесната каша им помага на оние што се на диета. Учесниците што не држеле успешна диета пред студијата имаа корист од овесниот појадок со протеини. Во текот на денот внесувале 100 калории помалку.
Мешавина од јаткасти плодови
Комбинирајте јаткасти плодови, сушено овошје и благо како темно чоколадо. Ако успеете да ја пронајдете вистинската мешавина, тогаш ќе имате одлична ужина за слабеење секој ден, особено затоа што ја намалува желбата за шеќер и сол.
Пиперки
Веројатно знаете дека зачинетата храна го потиснува апетитот, особено пиперката, а точно е дека може да им помогне на луѓето да ја контролираат тежината. Според истражувачите, капсаицинот, состојката што ги прави лути пиперките, може да го забрза метаболизмот.
Сепак, лутите пиперки можат да помогнат во управувањето со тежината повеќе од губењето на тежината.
Јајца
Вистина е дека јајцата можат да го подигнат нивото на холестерол во телото, но можат да се вклопат и во здрава исхрана, а некои студии сугерираат дека можат да ни помогнат да изгубиме тежина.
Во 2008 година, една студија во „Интернешнел журнал оф обесити“ ги спореди јајцата и печивата за појадок. Учесниците што јаделе јајца се чувствувале посито во текот на денот и внесувале помалку калории.