Фото: ЕПА

Соединетите Американски Држави се очекува до 30 септември да го завршат повлекувањето на преостанатите американски сили од Ирак, со што би завршило американското воено присуство во земјата што започна со инвазијата во 2003 година. Американски претставник потврдил дека повлекувањето се одвива според планираниот рок, но не соопштил колку американски војници во моментов се наоѓаат во Ирак ниту каде би биле прераспоредени.

Ирачкиот премиер Али ел Заиди денеска се сретна со командантот на Централната команда на САД, адмиралот Бред Купер. По средбата, од кабинетот на премиерот беше соопштено дека 30 септември останува „фиксен и конечен датум“ за завршување на воената мисија на Глобалната коалиција за пораз на Исламската држава во Ирак и повлекување на нејзините сили.

Со повлекувањето би се ставил крај на американското воено присуство кое започна со инвазијата во 2003 година и соборувањето на режимот на Садам Хусеин. САД подоцна повторно распоредија сили во Ирак во 2014 година, во рамки на меѓународната борба против Исламската држава.

Американските и ирачките власти наведуваат дека по завршувањето на воената мисија односите меѓу двете земји треба да продолжат преку соработка во областа на безбедноста и економијата, со нагласок на суверенитетот на Ирак.