Браќата Џоел и Итан Коен заедно создаваат врвни филмови веќе четири децении. Нивниот првенец, крими-трилерот „Блад симпл“, се појави во 1984 година, а последниот филм, „Баладата на Бастер Скругс“, својата премиера ја имаше во 2018 година. Џоел и Итан заедно пишуваат сценарија, режираат сцени и ги монтираат своите филмови. Со текот на годините снимиле остварувања од најразлични жанрови, од криминални филмови до комедии, од вестерни до драми. Повеќето содржат здрава доза хумор, особено црн, а тие со секој свој кадар покажуваат дека се големи познавачи на филмската техника, но и на светската кинематографија.
Кога се во прашање нивните влијанија, браќата Коен ја откриле својата наклонетост кон филмовите од сите краишта на светот и остварувањата на славните режисери, како Акира Куросава, Стенли Кјубрик и Федерико Фелини.
Џоел и Итан неодамна направиле свои листи на омилени филмови, а интересно е дека свое место и кај едниот и кај другиот нашол филмот „Богатство“ на Мајк Николс. Станува збор за „црна“ комедија, во која Џек Николсон и Ворен Бити толкуваат ликови на двајца несмасни измамници, кои се обидуваат да дојдат до богатството на една млада наследничка. На Џоел ова му е омилен филм, додека на листата на Итан се наоѓа на петтото место.
Џоел на својот список стави еден крими-трилер на Акира Куросава, еден американски мјузикл од 1930-тите, адаптација на театарска претстава и британски воен филм со Клинт Иствуд и Ричард Бартон во главните улоги. Итан меѓу своите омилени филмови вброи уште еден филм за измамници, два документарци и популарна спортска комедија.
Листата со петте омилени филма на Џоел и Итан Коен:
Џоел Коен: „Богатство“ (Мајк Николс, 1975), „Меѓу небото и пеколот“ (Акира Куросава, 1963), „Дами“ (Реј Енрајт, 1934), „Посебни маси“ (Делберт Ман, 1958) и „Каде што се охрабруваат орлите“ (Брајан Хатон, 1968).
Итан Коен: „Чувар на братот“ (Џо и Брус Берлингер, 1922), „Ил Бидоне“ (Федерико Фелини, 1955), „Продавач“ (Албери и Дејвид Мејлз, 1969), „Лоши вести“ (Мајкл Ричи, 1976) и „Богатство“ (Мајк Николс, 1975).