Интернет-страницата „Ранкер“ објави листа на најубави жени во светот во 2022 година. На листата се најдоа холивудски актерки, манекенки, пејачки, инфлуенсерки и многу други.
Сепак, првите пет места им припаднаа на актерките. Австралијката Маргот Роби е прогласена за најубава жена. Таа беше номинирана за „оскар“ и за наградата БАФТА. Магазинот „Тајм“ ја прогласи за една од највлијателните луѓе, а во 2019 година беше рангирана меѓу најплатените актерки.
Второто место го зазеде Гал Гадот Варсано. Таа беше прогласена за мис на Израел во 2004 година. Нејзината прва улога беше во 2009 година во филмот „Брзи и бесни“, а потоа се појави и во неговите продолженија. Светска слава стекна со улогата на Вондер Воман во филмовите „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“, „Вондер Воман“ и „Лига на правдата“.
На третото место е Скарлет Јохансон. Таа е најплатената актерка во светот, има ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Добитничка е на неколку престижни награди, меѓу кои и наградата „тони“ и наградата на Британската академија за филм. Нејзината прва улога беше во 1994 година во филмот „Север“. Потоа следуваа филмовите „Мани и Ло“, „Шепкач на коњи“, „Свет на духови“, „Изгубени во преводот“ итн.
Четвртото место ѝ припадна на шпанската актерка Ана де Армас, која своето актерско деби го имаше во 2006 година во шпанскиот филм „Роза од Франција“. Таа глумеше и во шпанската серија „Интернат“. Во 2015 година, таа глумеше во својот прв американски филм „Чук чук“, а потоа следуваа „Изложени“, „Раце од камен“ и „Кучиња на војната“. Таа се појави и во улогата на Џои во научнофантастичниот филм „Истребувач 2049“.
На петтото место е Џесика Алба. На 13-годишна возраст таа глумеше во серијата „Кампот Ноувер“ и „Тајниот свет на Алекс Мек“. Славата ја стекна по снимањето на серијата „Мрачниот ангел“. Првиот филм во кој се појави беше „Хани“, потоа „Фантастична четворка“, „Фантастична четворка: Подемот на сребрениот сурфер“, „Предигра за брак“, „Окото“, „Денот на вљубените“, „Мали Фокери“ и „Механичарот: Враќање“.