„Винтер флауер“ (Winter Flower), големиот еднодневен музички настан како дел од 54-от по ред Празник на мимозите во Херцег Нови, в сабота, 25 февруари 2023, ќе ги прослави крајот на зимата и доаѓањето на пролетта. Оваа единствена забава, во организација на фестивалот „Егзит“ и туристичката организација „Херцег Нови“, ја предводи еден од најпопуларните уметници на светската хаус-сцена, третопласираниот на листата на 100 најдобри изведувачи „Диџеј маг“, маскираниот велемајстор Клептон, со својот премиерен настап во Црна Гора! Покрај него, главна ѕвезда ќе биде и регионалната жена на годината, фантастичната Констракта, заедно со групата „Земља грува“. Локална поддршка ќе биде шармантната и енергична „Кејт“, со претставниците на црногорската електронска сцена „Пи-ес“ и „БоџиЕ“ (BodziE).
„Егзит“ го именува настанот „Винтер флауер“, или „Зимски цвет“, токму во чест на мимозата, уникатното цвеќе што расцутува во зима. Овој природен бунтовник со тоа ги надминува законите и правилата на единствен начин. Поимите зима и цвеќе речиси во сите други случаи меѓусебно се исклучуваат, бидејќи појавувањето на цвеќето всушност ги означува крајот на зимата и доаѓањето на пролетта. Токму во таа симболика и се прославува Празникот на мимозите, со голем собир под маски, настан со децениска традиција и гости од целиот регион и Европа.
Влезот на големата забава „Зимски цвет“ ќе биде слободен за сите посетители.