„И СВИЊИТЕ ОДАТ ВО РАЈОТ“
Премиера: 12 јули
2022 | романтична комедија | хрватски филм

Сезнајкото Исус Христос, итрата кума Анка и зборливата свиња Беба се дел од оваа романтична комедија со многу пеење, во питомиот хрватски планински предел во воените деведесетти години. Од оружје се присутни само една ловечка пушка и пластичен пиштол. Во овие слатко-горчливи заплети доминираат драматичната прва свинска љубов во момент на воздушна узбуна и една фризерска хауба, која се расипува на половина фризура. Вклучени се и свадба, простување, палави мелодии, дезертери, божјата мајка, сирење, павлака и среќен крај!
Режисер: Горан Дукиќ

„ЉУБОВ ИЛИ СМРТ“ Премиера: 5 јули
2014 | детски, авантура | хрватски филм
Ново продолжение на приказната за Коко, кој овој пат влегува во пубертет кога, освен фудбал, започнуваат да го интересираат и девојки, а во една од нив се вљубува до уши.

„ВИЗАВИ“
Премиера: 19 јули
2013| комедија, драма | хрватски филм
Режисерот подготвува нов филм. Познат актер кого го бара за улогата на татко ги критикува квалитетот на сценариото и изборот на актер за улогата на син. Режисерот го повикува актерот што ќе ја толкува улогата на син на островот Вис за да работат на сценариото и неговата улога и да се увери дека донел исправна одлука во врска со изборот на актери. Поради изолацијата со која се соочени во текот на зимата на островот, тие двајца неочекувано се осудени да се фатат во костец со сопствените фрустрации, кои на чуден начин се испреплетуваат со дејството во филмот.
Режисер: Невио Марасовиќ

„ТЕРЕЗА 37“
Премиера: 26 јули
2020| драма | хрватски филм
Тереза има 37 години и живее во Сплит. По неколку спонтани абортуси дознава дека постои можност таа и нејзиниот сопруг да не се генетски компатибилни. Веќе некое време чувствува притисок од околината и започнува да го преиспитува својот рутински брак, што ќе поттикне низа настани, кои ќе ѝ го променат животот во смисла на новостекната слобода и вистина што е само нејзина.
Режисер: Данило Шербеџија

„ЧЕТВРТИ АВГУСТ: ОЛИМПИСКА ОДИСЕЈА“
Премиера: 3 јули
2024 | документарец
Откога Џеси Овенс го понижи Адолф Хитлер во Берлин во 1936 година, па до моментот кога Фени Бленкерс-Коен ги сруши предрасудите за пол, возраст и мајчинство, од моментот кога Карл Луис победи на трка на 100 метри во Лос Анџелес до славната суперсабота во Лондон во 2012 година, од преносот на првите Параолимписки игри во Торонто до моментот кога Скај Браун со само 13 години во Токио стана најмлада добитничка на медал – 4 август е синоним за големина.