Канадските научници за првпат ја сменија крвната група во човечки органи за трансплантација. Списанието „Сајенс трансишнал медисин“ објави начин како да се направат „универзални“ органи за трансплантација на луѓе од која било крвна група.
Лабораториите за торакална хирургија на Латнер и центарот за трансплантација „Ајмер“ на Универзитетската здравствена мрежа во Канада докажаа дека е можно безбедно да се сменат крвните групи во органите на донорот за трансплантација.
На пример, донорите со крвна група О се сметаат за универзални, бидејќи нивната крв не содржи аглутиноген (протеини А и Б), што значи дека е погодна за сите пациенти, вклучувајќи ги и оние со најретката крвна група – АБ.

Канадските научници успеаја да ја променат крвната група на трансплантирани органи во О со ослободување специфични антигени, користејќи ги ензимите Н-ацетил-алфа-Д-галактоза деацетилаза и Д-галактозамин-галактозаминидаза. На почетокот на експериментот тие го тестирале овој метод на ткиво на аортата, а потоа успешно ги уништиле протеините од групата А во осум примероци од белите дробови, пренесува „Спутник интернешнел“.
На ензимите им биле потребни околу четири часа да ги уништат речиси сите аглутиногени.