Во Лос Анџелес се одржа 75-то9 доделување на наградите „еми“. Серијата на „Ејч-би-о“, „Наследници“, мрачната и остра хроника за внатрешните расправии на богато дисфункционално семејство на чело на огромна медиумска империја, имаше дури 27 номинации и заврши со вкупно шест награди.
Серијата „Наследници“ ја доби наградата за категоријата најдобра драмска серија. Екипата на серијата исто така ги зеде наградите за најдобар главен актер и актерка во драмска серија, кои им припаднаа на Киеран Калкин и Сара Снук. Наградата за најдобра машка споредна улога во драмска серија му припадна на британскиот актер Метју Мекфадјен.
Додека „Наследници“ доминира во категориите за драмска серија, „Мечката“ освои шест награди во категоријата хумористична серија, а „Кавга“, во продукција на „Нетлфикс“, доминира во категоријата кратки серии.
„Мечката“, освен што ја освои наградата за најдобра хумористична серија, доби и три актерски награди. Џереми Ален Вајт ја доби наградата за најдобар главен актер во хумористична серија, а Ајо Едебири и Ебон Мос-Бахрач за најдобра споредна женска улога и најдобар спореден актер во хумористична серија.
Наградата за најдобра актерка во хумористична серија ја освои Квинта Брансон за „Основното училиште Абот“. Актерката Џенифер Кулиџ ја доби наградата „еми“ за најдобра женска споредна улога во хумористична серија, за улогата во „Белиот лотос“.