Фото: НАСА

НАСА ги одбројува часовите до првото лансирање на својата нова огромна ракета за Месечината, наречена Спејс лаунч систем (СЛС). Таа треба да полета од вселенскиот центар „Кенеди“ во 14:33 часот по македонско време, но тоа во голема мера ќе зависи од временските услови, кои се доста променливи во Флорида. Лансирањето може да се следи ВО ЖИВО.

СЛС е најмоќното и најсложено летало дизајнирано од НАСА досега и ќе биде основа на проектот „Артемис“, кој има за цел да ги врати луѓето на површината на Месечината по повеќе од 50 години пауза. Новите мисии на Месечината треба да почнат најрано во 2025.

Задачата на СЛС ќе биде да ја однесе тест-капсулата „орион“ далеку од Земјата. Ова вселенско летало, во кое место астронаути ќе бидат три кукли опремени со сензори, ќе кружи околу Месечината, пред да се врати на Земјата за шест недели, кога треба да падне во Тихиот Океан. Ова се очекува на 10 октомври.