Кучето мелез со име Лили го прослави 24-от роденден, според кажувањата на неговото италијанско семејство, што го прави најстарото куче на светот, објави британски „Дејли мејл“. Лили, мало куче со непознато потекло, со сиво-црно крзно, го прослави својот роденден во домот на своето семејство во Торе Анузијата, во близината на Неапол, на Нова година. Семејството ѝ направило специјална торта со бројот 112, нејзината еквивалентна возраст во човечки години. Таа била пронајдена во лавина на автопатот до Реџо Калабрија, градот најблиску до Месина на Сицилија.
Најчесто се верува дека кучешките години може да се пресметаат со обично множење на годините по седум. Но ветеринарите го разоткрија тоа тврдење и дојдоа до подобар начин за пресметување на возраста на кучињата. Првата година од животот на кучето е еквивалентна на 15 години, а со втората кучињата полнат 24, со оглед на тоа како се развиваат во првите неколку години. Следејќи го тоа, треба да се додадат четири години за секоја човечка година што кучињата ја живеат.
Лили била пронајдена како мало кученце во 2000 година.
Големата роденденска прослава на Лили доаѓа неколку месеци откако Боби, португалско куче, кое претходно го држеше рекордот дека е најстарото куче во светот, почина само пет месеци по прославувањето на својот 31. роденден.