„Оскарот“ е најпрестижната филмска награда во Холивуд, а традиционалната забава на магазинот „Венити феар“ е настан на годината и секој сака да биде таму. На ѕвездите им е еднакво важно што ќе облечат за доделувањето на „оскарите“ и на најголемата холивудска забава. Исто како и наградната церемонија, забавата на „Венити феар“ е во знакот на модата и славните личности даваат сè од себе за да изгледаат најдобро.
Оскаровската ноќ беше заокружена со оваа традиционална екстраваганција во Беверли Хилс, која речиси секогаш е повозбудлива во однос на модата. Стилски овој настан е многу поинтересен од црвениот килим пред прогласувањето на победниците.
Таблоидите ги издвоија највпечатливите стилови на холивудската забава на годината, а меѓу нив се: Анџела Басет, Софија Карсон, Кендал Џенер, Кајли Џенер, Ева Лонгорија, Џиџи Хадид, Сабрина Даури Елба и Идрис Елба, Џејмс Марсден, Ченинг Тејтум, Џо Џонас и Софи Тарнер, Софија Вергара, Оливија Вајлд, Кара Делевињ, Алесандра Амброзио, Наоми Кембел и др.