Компанијата „Мета“ која го поседува „Фејсбук“, ја пушти денеска во употреба „Тредс“, нова социјална мрежа конкурент на „Твитер“ што веднаш можат да ја користат корисниците на „Инстаграм“.

„Тредс“ во основа е апликација заснована на пишување текстуални пораки и многу личи на „Твитер“.

Корисниците на „Инстаграм“ ќе можат да ги користа своите налози на „Тредс“ и да ги следат истите налози што ги следат и на „Инстаграм“.

Според познавачите, пуштањето во употреба на „Тредс“ е значаен настан со оглед на тоа што „Твитер“ се справува со многу проблеми откако беше преземена од Илон Макс, извршниот директор на „Тесла“. Такви проблеми како многу лажни налози, ширење дезинформација и политички раскол во САД и во други земји.

Стартувањето на „Тредс“ синоќа беше најавено од извршниот директор на „Мета“ Марк Закерберг.

Апликацијата засега е достапна за симнување од продавниците на „Епл“ и „Гугл плеј“ во 100 земји.