Матурантот Џонатан Вокер деновиве слави, откако беше примен на 27 колеџи и универзитети во светот, вклучувајќи ги и: „Харвард“, „Стенфорд“ и МИТ. Освен тоа, добил повеќе од четири милиони долари како стипендии.
– Бев многу изненаден кога видов дека сите се заинтересирани за мене и сакаат да се образовам во нивната институција – изјавил Вокер во интервјуто за странските медиуми.

Тој додава дека сега има голем избор каде да се запише.
– Главно сум заинтересиран за инженерство, но и за претприемаштво. Исто така, ја истражувам можноста за создавање на некоја моја насока, бидејќи имам многу различни интереси – вели тој.

Негова желба е преку инженерство поврзано со науката да им помага на луѓето, пред сѐ на ранливите категории.
Со својот партнер веќе работи на апарат за зглоб, кој на слепите и глувите лица ќе им овозможи подобра комуникација со другите луѓе. Претходно создал уред што го потсетува корисникот да зема лекови. Вокер е активен во научниот клуб во својот град, а член е и на универзитетската рагби-репрезентација. Инаку, тој е матурант од Панама Сити на Флорида, САД, и вели дека се пријавил само на оние универзитети каде што претпоставувал дека ќе биде среќен.