Долгоочекуваниот филм на режисерката Грета Гервиг за најпознатата кукла на светот, конечно, во јавноста пласира фотографија на која може да се види како Маргот Роби изгледа како Барби.
Датумот на промоцијата на филмската авантура на легендарната кукла беше соопштен во текот на презентацијата на компанијата „Ворнер брос“ во Лос Анџелес. Потоа на социјалната мрежа Твитер беше објавена првата фотографија на глумицата, заедно со датумот на објавувањето на филмот „Барби“ – 21 јули 2023 година.
Роби позира во розов „кабриолет“, со широка насмевка и украсна лента на главата. Снимањето почна неодамна во Лондон.