Повеќе од половина милион патници од 182 земји гласаа за најдобрите европски одредишта во 2022 година на сајтот „Еуропијан бест дестинејшн“. Од над 400 места, победата ѝ припадна на Љубљана.
Меѓу причините зошто го избрале овој град, некои до анкетираните напишаа: „Љубљана е град за љубопитни и авантуристички души“ и „Горда зелена престолнина на Словенија, која ги повикува сите талкачи желни за култура, уметност, забава и пространи зелени површини да уживаат во опуштената атмосфера“.
Но Љубљана не ја посетуваат само патници од целиот свет. Главниот град на Словенија привлекува и градоначалници од други градови, советници за животна средина и урбанисти да ја посетат, за да можат да сфатат во што е тајната на ова „зелено чудо“ што го прави единствена престолнина во Европа за оваа година.
Конгломерат од живописна историја и природно наследство го краси големото срце на Љубљана. И затоа не попусто велат дека ако отидете еднаш, тоа нема да ви биде последен пат.
Во автентичниот шарм на градот можете да уживате преку убавата архитектура, културните случувања, разноликиот градски живот, но и преку вкусната храна.