Едно од најголемите имиња на електронската дарквејв-сцена, култниот „Бој Харшер“ доаѓа во Скопје!
На 14 мај, во Младинскиот културен центар, од 22 часот, ќе бидеме сведоци на концерт што ќе донесе сурова енергија, моќни индустриски призвуци и интимни лирики.
Оваа вечер ќе настапи и постиндустрискиот музички проект базиран во Чикаго, „Хајд“! Двојката создава композиции аудиоколажи, користејќи комбинација од сопствени теренски снимки и аудиореференци од поп-културата.
Официјалната забава по овој настан ќе се одржи во клубот „Минус еден“, со диџеј-сетови на Мартичин и Андреас Хз од колективот БТКРСХ.
Концертот е во организација на „Ротко букс енд мјузик“, а билетите се достапни во билетарницата на МКЦ.