Излезе новиот албум „Најдоброто од музиката на Ковачески“

Климе Ковачески го претстави новиот албум за 2024 година, кој обединува некои од неговите најзвучни песни во последните неколку години. За тоа време Ковачевски има продуцирано девет албуми со над 150 песни. Албумот „Најдоброто од музиката на Ковачески“ содржи 14 избрани песни.
– Поминаа само две години откако повторно почнав да се занимавам со музика. За тоа време издадов девет албуми и често ме прашуваат кои се моите омилени песни. Еве ги моите лично избрани 14 песни. Тоа не беше забавна работа. Тоа беше доста тежок процес затоа што требаше да изоставам околу 150 песни. Како и секој музичар, јас се приврзувам за секоја песна на уникатен, посебен начин – вели Ковачески.
Во 14-те сингла се вклучени: „Emptiness“ од албумот „Wounds“, „OhRid“ од албумот „Colective“, „Seasons“ од албумот „Bridges“, „Childhood“ од албумот „Forces“, „Illuminations – Part 1“ од албумот „Dualities“, „Nicolas“ од албумот „Revival“ и „Confession“ од „Orphans“.
– Типично, кога работам со музика, премногу размислувам и правам различни сценарија за тоа што ќе се случи или што треба да се случи. За овој проект не беше така. Можеби ќе поминат многу години пред да разберам како и зошто Бог благословил работите да течат толку лесно – изјави Ива Јазаџиевска, брилијантна уметница чиј вокал е застапен на сите десет песни од албумот „Рани“.
Впечатливиот вокал на Јазаџиевска се слуша во песната „Emptiness“, а официјалното музичко видео за „Emptiness“ сега е на Јутјуб.
Друг уметник што соработувал со „Ковачески мјузик“ е Никола Пијанманов, реномиран македонски сликар, кој создаде оригинални слики за шест корици на албуми на „Ковачески мјузик“.
– Од темниот длабок звук на „Падот на Византија“, преку раните песни на „Анастасија“, сè до „Трага“, „ОхРид“, „Рани“ и најновата музика на Климе, чувствувам отпечатоци што се синхронизираат со моите слики, како сеќавање на далечната татковина – истакна Пијанманов.
Сега, со дебито „Најдоброто од музиката на Ковачески“, слушателите можат да патуваат во музичка авантура. „Ковачески мјузик“ е меѓународен музички проект, започнат од Климе Ковачески, кој го прикажува вродениот, необработен талент на уметниците, а притоа вклучува впечатливи уникатни соработки и партнерства. С.Ј.