Тим кинески истражувачи пронашле клучен ген за зголемување на приносот на оризот, кој обезбедува важен извор на гени за одгледување ориз со висок принос, според истражувањето на земјоделскиот универзитет „Хуажонг“, кое беше објавено неодамна во списанието „Нејчр генетикс“.
– Генот GY3 може значително да ги зголеми бројот на зрна и приносот на сортите ориз за околу 10 проценти, преку регулирање на синтезата на цитокинин. Околу 98 отсто од јапонскиот ориз и 21 отсто од оризот индика го носат генот GY3 – рече Ксинг Јонгџонг од универзитетот, кој го предводеше истражувањето.
Ксинг објасни дека повеќето од моментално популарните сорти на оризот индика го немаат генот GY3, што покажува дека одгледувачите не користеле GY3 во одгледувањето индика.
Наодите од студијата покажуваат дека GY3 може да се користи како важен ген за одгледување високоприносен ориз индика и се очекува значително да го подобри приносот на оризот индика.