Ѕвездата на филмот „Опенхајмер“, ирскиот актер Килијан Марфи, го чува својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, а претходно призна дека ги мрази славата и богатството и дека сонува за ден кога тие два аспекта од неговиот живот ќе бидат целосно одвоени, пишува „Мирор“.
Овој 47-годишен актер е во брак со Ивон Мекгинис речиси 20 години и имаат две деца, 18-годишниот син Малахи и 17-годишниот Аран, со кои живеат во областа Монкстаун на југот во Даблин, во дом од 1,5 милион фунти. Станува збор за стара куќа, која се состои од шест двокреветни спални соби и дневна соба со камин. Меѓутоа, во куќата нема интернет, а актерот еднаш објасни зошто решил да им го ускрати интернетот на своите деца и зошто не сака мобилни телефони.
– Јас сум татко на двајца тинејџери, а и јас некогаш бев млад и разбирам колку е тешко за еден млад човек во денешното општество. Сите сме свесни за ефектот на интернетот и онлајн животот. Ми се чини дека децата денес живеат во овие уреди – рече тој.