Додадете какао во вашето кафе за подобро варење

Сѐ поголем број истражувања и мрежа на експерти за здравје на цревата ја поддржуваат идејата дека кафето може да има корист за дигестивниот тракт.
– Полифенолите во кафето можат да ги хранат корисните цревни бактерии, поттикнувајќи ги растот и активноста. Тие исто така можат да помогнат во ограничувањето на растот на „лошите“ бактерии – вели Џозеф Салхаб, американски гастроентеролог од Девенпорт.
Тој нагласи дека сето тоа може да се постигне со додавање лажичка какао во прав во шолја кафе. Кога станува збор за варењето, кафето и какаото имаат посебни придобивки.
Возрасните треба да се стремат кон 25-38 грама какао влакна дневно, што се постигнува со додавање една или две лажици какао во прав во утринска шолја кафе.
Сепак, внимавајте да не пиете кафе на празен стомак, бидејќи тоа може да го поттикне лачењето киселина во желудникот, а со тоа може да предизвика и болки во стомакот. Затоа прво изедете нешто, а потоа испијте шолја кафе со една до две лажички какао.