Супермоделката Џиџи Хадид (26) најави дека заработката од Модната недела ќе им ја донира на луѓето погодени од војната во Украина. Ѕвездата на модните писти сподели низа фотографии од разни ревии и откри дека сака да даде значителен придонес за да им помогне на оние на кои им е потребна помош.
Таа објасни дека покрај ангажманот на модната писта и надвор од неа, нејзина одговорност е да возвраќа, а тоа го прави така што целата заработка од кампањата есен 2022 им ја донира на украински хуманитарни организации.
Хадид истакна дека нејзините професионални обврски ја спречуваат активно да размислува за настаните во светот.
Манекенката, која може да се пофали со над 72 милиона следачи на Инстаграм, во објавата додаде дека таа и нејзините колешки модели сакаат да помогнат во создавањето позитивни промени преку својата работа.
– Нашите очи и срца мора да бидат отворени за секоја човечка неправда. Треба да се гледаме како браќа и сестри, надвор од политиката, надвор од расата, надвор од религијата – напиша таа.