Регионалните рок ѕвезди, членовите на групата „Дивље јагоде“, неодамна ја претставија својата најнова песна „Плаве ноќи без тебе“, прва по објавувањето на нивниот носач на звук „Jukebox“ пред две години и воедно, најава за нов студиски албум.

Во својот препознатлив авторкси печат, основачот на бендот Зеле Липовача, на публиката и претставува уште една жестока рок песна, со која покажува дека и по повеќе од 40 години „Дивље јагоде“ и натаму се на врвот на регионалната мзуика сцена.

Како што вели самиот Зеле, кој е автор на музиката, на текстот и е продуцент на песната, докажаниот вокален дует Тони Јанковиќ и Ливио Берак повторно брилјираше. Тој откри уште неколку детали во врска со новиот музички материјал, што дискографската куќа „Кроација рекордс“ од Загреб, ќе го објави ова лето.

Имено, Зеле потпиша нов ексклузивен договор со најголемата регионална дискографска куќа, која „Дивље јагоде“ ги следи долга низа години.

– Повеќето песни од новиот албум ќе ги отпејат Ливио и Антонио, како дует и самостојно, но како и на претхониот албум ќе има гости, а засега е сигурно дека тоа ќе бидат Тифа и Чипи од групата „Освајачи“ – објави Зеле Липовача.

Инаку, „Дивље јагоде“ ја продолжуваат соработката со студиото „Шишмиш“, каде се снимаше, миксаше и мастерираше новата песна, видеоспотот е релизиран под режисерската палка на Пуковник Дабров, а продукцијата е на „Ретро метро и Џондо продакшн“.

За македонската публика е интересен и податокот дека неодамна Зеле Липовача направи своја гитарска верзија на песната „Македонско девојче“,за која релизираше и интересен спот со убавините на нашата земја. М.Т.