Фото: Пиксабеј

Двајца американски астронаути се вратија на Земјата откако беа заглавени на Меѓународната вселенска станица (ИСС) повеќе од девет месеци поради технички проблеми на нивното летало. Суни Вилијамс и Бери Вилмор ја напуштија ИСС со вселенското летало „Кру драгон“ на „СпејсИкс“ рано во вторникот, а американската вселенска агенција во живо го емитуваше нивното заминување од станицата. Придружени од американскиот астронаут Ник Хејг и рускиот космонаут Александар Горбунов, тие слетаа во морето во близината на брегот на американската држава Флорида по 17-часовно патување.
Вилијамс и Вилмор пристигнаа на ИСС на почетокот на јуни на првиот пробен лет на вселенското летало „Старлајнер“ со екипаж на „Боинг“. Тие требаше да останат во вселената една недела, но поради голем број технички проблеми со леталото останаа заглавени во станицата.
Хејг и Горбунов пристигнаа на ИСС во септември со вселенското летало „Кру драгон“ со празни места за Вилијамс и Вилмор. Вилијамс (59) и Вилмор (62) претходно биле неколкупати во вселената и важат за искусни астронаути.
Откако минатото лето не успеа летот на вселенското летало „Боинг старлајнер“, астронаутите Сани Вилијамс и Буч Вилмор беа заробени на Меѓународната вселенска станица (ИСС).
Хејг и Горбунов поминаа околу шест месеци на орбиталната станица, додека Вилијамс и Вилмор беа лансирани на почетокот на јуни минатата година. Нивната мисија првично требаше да трае само неколку дена, но техничките проблеми со вселенското летало „Боинг старлајнер“ беа откриени за време на летот до ИСС. Подоцна беше одлучено дека враќањето ќе биде премногу ризично, па леталото се врати без екипаж. Во текот на есента, лекарите изразија загриженост за здравјето на Сани Вилијамс, бидејќи таа значително ослабе за време на нејзиниот престој на ИСС, но враќањето на астронаутката во тој момент не беше можно – седиштата во капсулите на „СпејсИкс“ се приспособени поединечно за да одговараат на вселенските костими на секој член на екипажот.