Првата помисла на Нова година и Божиќ е топол дом, семејството на купче, пријатели, топло ќебе, омилениот пијалак и новогодишни филмови. Токму затоа направивме избор од десет новогодишни филма што можете да ги погледнете за време на празниците, кои со себе носат вистинска магија – ги зближуваат луѓето и создаваат убава топла атмосфера.

„Сам дома“

Празниците не можат да се замислат без оваа комедија, секој ќе ви го каже тоа! Иако се гледа секоја година, овој филм никогаш не е здодевен. Станува збор за момче што останува само дома за Нова година, бидејќи неговите родители во брзање да стигнат во Париз го забораваат. Кога ќе остане сам, спречува крадци да влезат во куќата и да ја ограбат. Режисер на филмот е Крис Колубус, а главните улоги ги толкуваат Меколи Калкин, Џое Пеши и Даниел Стерн. Ако случајно досега не сте го погледнале филмот, веднаш сторете го тоа!

„Едноставно љубов“

Ова е прекрасна љубовна комедија од 2003 година ја режираше Ричард Кертис. Дејството почнува пет недели пред Божиќ и следи неколку љубовни двојки, чии главни ликови се меѓусебно поврзани. Откријте што се ќе се случува во целата таа мешаница…

„Поларен експрес“

Ова е американски компјутерски анимиран филм од 2004 година, снимен според истоимената книга. Режисер на филмот е Роберт Земекис. Станува збор за дете што не верува во Дедо Мраз, иако сите го убедуваат дека тој навистина постои. Но ноќта пред Нова година, кога пред куќата на момченцето запира воз, машиновозачот го повикува да им се придружи на другите деца на патувањето до Северниот Пол, каде што ќе се сретнат со Дедо Мраз. Дали е детето во право или Дедо Мраз постои? Иако на прв поглед овој филм е само за деца, не е баш така. Наменет е за сите возрасти, од 3 до 103 години.

„Божиќ кај Куперови“

Комедија од 2015 година, чие дејство е сосема неочекувано. Навидум убав семеен собир на четири генерации ќе се претвори во нешто спротивно. Низа настани ќе го направат овој Божиќ поинаков. Режисер е Џеси Нелсон, а улогите ги толкуваат: Аманда Сејфрид, Оливија Вајлд, Ед Хелмс…

„Божиќна приказна“

Компјутерски анимиран филм од 2009 година, снимен според класикот на Чарлс Дикенс. Станува збор за стар скржавец што не му се радува на ништо во животот, кој се соочува со духовите на Божиќ, минатите, сегашните и идните, кои сакаат да внесат во него малку добрина. Но дали ќе успеат во тоа? Режисер е Роберт Земекис.

„Кучето што го спаси Божиќ“

Зевс, жолт лабрадор, е нов член на семејството Банистер. Тој станува вистински херој кога успева да ја спаси куќата од крадци, додека семејството е на пат. Главните улоги ги толкуваат: Дин Каин, Гери Валентин и Марио Лопез, а режисер е Мајкл Фајфер.

„Виленик“

Ова е американски божиќен филм од 2003 година. Бајковитата комедија, со елементи на фантастика, е приспособена за сите возрасти. Елф патува на Северниот Пол во потрага по вистинското семејство, но што сѐ го чека на тоа патување? Режисер е Џон Фавро, а главните улоги ги толкуваат: Вил Ферел, Џемс Кан и Боб Њухарт.

„Откачениот професор“

Новогодишните празници не можат да се замислат ниту без Еди Марфи, а на листата празнични филмови мора да се најде и откачениот професор Шерман. Тој е одличен научник, но неговиот физички изглед е смешен, а поради љубовта тој ќе стори сѐ да се смени…. Режисер е Џери Луис, кој глуми и во филмот, заедно со Еди Марфи, Стела Стивенс, Дел Мор и Кетлин Фримен.

„Чудо во 34-та улица“

Ова е семејна драма од 1994 година, поточно римејк на филм од 1947-та. Главните улоги ги толкуваат: Дилан Мекдермот, Ричард Атенборо, Елизабет Перкинс, а режијата е на Лез Мејфилд. Дејството следи шестгодишно девојче што не верува во Дедо Мраз, а за тоа е виновна неговата мајка Дори. Таа е портпаролка на една стоковна куќа на Менхетн. И токму кога шармантниот старец Крис менува еден пијан работник во стоковната куќа, го избираат да го глуми Дедо Мраз и да ги анимира децата на доделувањето на пакетчињата. Дори е одушевена и го вработува симпатичниот белобрад човек во својата фирма…

„Минатиот Божиќ“

Романтичен филм од 2019 година. Кејт и Том имаат своја љубовна приказна, која на почетокот е многу обична, секојдневна. Но во еден период, кога и на двајцата ништо не им оди од рака, ќе ги погали волшебниот божиќен сјај на Лондон… Улогите ги толкуваат Емилија Кларк, Хенри Голдинг, Ема Томпсон, а режисер е Пол Фејг.