Уште една титула за македонската убавина! Осумнаесетгодишната неготинчанка Анастасија Божинова ја освои титулата Втора придружничка на изборот за „Мис на Евроазија 2022“, што вчера вечер се одржа во прекрасниот хотел „Титаник Мардан палас“ во Анталија, Турција.
Во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и од Азија победи претставничката на Бугарија, а титулата Прва придружничка ја освои Мис Казахстан.
Убавата Анастасија е членка на модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за овој престижен интернационален избор за убавина, кој оваа година се одржа по 17-ти пат.
Анастасија во финалето се претстави во креација на Елена Лука, специјално изработена за оваа прилика.