Корејската серија „Мојот таен Териус“, објавена во 2018 година, која говори за смртоносниот коронавирус, деновиве стана една од петте најгледани во Велика Британија. Во оваа шпионска драма, еден од ликовите е предупреден за коронавирус, сличен на грип, чиј период на инкубација е 14 дена. Овој вирус во серијата ги напаѓа белите дробови и за него не постои вакцина. Вирусот го развиле терористи и е дел од биолошка војна.

Сцената што го привлече вниманието е при крајот на десеттата епизода, а се споменува мутант на коронавирусот, кој може да убие 90 отсто од заразените. Докторката во оваа серија го споредува вирусот со претходните епидемии на вирусите МЕРС и САРС, кои му припаѓаат на истото семејство. Оние што ја гледале серијата пишуваат на социјалните мрежи дека е застрашувачки предвидлива. Други, пак, велат дека се работи за случајно совпаѓање.

За разлика од измислениот коронавирус во „Мојот таен Териус“, стручњаците сметаат дека тој предизвикува смрт само во 2 отсто случаи. Она што го забележале гледачите е и податокот дека при крајот на секоја епизода ги учат децата како внимателно да ги мијат рацете.Серијата е снимена во Јужна Кореја и во Полска.