Чешката државна телевизија, раководејќи се од претпоставката дека смеењето е најдобриот лек, одлучи да сними хумористична серија за животот во една зграда во Прага за време на тековната пандемија на коронавирусот.

Снимањето на серијалот, насловен „Љубов во време на корона“, треба да почне за една недела. Во шест епизоди, под мотото „Една куќа, три генерации, една глобална пандемија“, ќе ги следи животите на жителите на зградата. Насловот на ситкомот е инспириран од делото на Габриел Гарсија Маркес, „Љубов во време на колера“.
Главните ликови се Франта, тинејџерка чии родители се „заглавени“ во странство поради ограничувањата на патувањето поради коронавирусот, потоа пензионираниот Либор, кој одеднаш треба да се грижи сам за себе, како и новопечената брачната двојка Петр и Ана, чиј брак во карантин е на вистински тест-предизвик.

Гледачите на чешката телевизија се поканети да споделат свои искуства на интернет-страницата на новиот ситком, како дел од драстичните ограничувања воведени при вонредната состојба.

Продуцентот Томаш Балдијнскиј откри дека досега е завршено сценариото само за првата епизода, а планот е серијата да биде готова до крајот на април, кога треба и да почне со емитување.