„Последниот танц на магичниот Мајк“ ќе биде третиот во серијалот филмови што ги следи животите на неколку мажи стриптизери и сопственици на мали фирми, а Ченинг Тејтум (познат по улогите во „Слободно момче“, „Кингсмен: Златниот круг“) го глуми титуларниот лик.

Првиот филм, Магичен Мајк, чија премиера беше во 2012 година, беше лабаво базиран на искуствата на Тејтум како стриптизер. Вториот, Магичен Мајк XXL, излезе во кината во 2015 година, а потоа имаше мјузикл на Бродвеј, „Магичен Мајк во живо“, отворен во 2018 година.

Претстојниот филм, „Последниот танц на магичниот Мајк“, Тејтум го најави преку Твитер, објавувајќи фотографија од сценариото.

Во твитот е потврдено и дека филмот ќе се емитува исклучиво на „Ејч-би-оу макс“, а ќе биде премиерно прикажан во 2022 година.