Последниве години сè повеќе се зборува за преголемата загаденост на воздухот, но во некои места на светот воздухот е толку чист што претставува вистински мелем за белите дробови, но и за целокупното здравје на луѓето. Овие градови и места пред коронавирусот биле со најчист воздух. Меѓу нив е Хонолулу на Хаваи.
Градот Хонолулу, и генерално целиот остров Хаваи, важи за едно од местата со најчист воздух во САД, но и во целиот свет. Хонолулу е познат како град најмногу поради зеленилото што се наоѓа на секој чекор. Благиот ветер што дува низ дождовните шуми е главниот креатор за чистиот воздух во градот. Хаваи е место со најмалку срцеви удари и болести.
На листата е и Цирих во Швајцарија, Аделаида во Австралија (овој град повеќепати е прогласен за еден од најчистите градови на светот, но и високорангиран на листата на најдобри места за живот), Калгари во Канада, Хелсинки во Финска, Рејкјавик во Исланд, Хамбург во Германија (светски лидер во концептот на зелена енергија) и Велингтон во Нов Зеланд (ниската популација и специфичната географска положба го прават ова место да биде полно со свеж, чист воздух).