Sидовите и природата не мора секогаш да бидат во конфликт. Бразилскиот уличен уметник Фабио Гомеш Триндаде смета дека тие можат да се комбинираат на ефикасен начин, така што сите ќе бидат задоволни. Тој нашол токму таков метод, а тоа е сликање мурали, кои се совршено интегрирани со природата во нивната околина.
Триндаде најчесто прикажува женски портрети и животни на неговите мурали и секогаш се обидува да ги направи локалните растенија неопходен елемент на своите уметнички дела. Неговите портрети на жени, чија крошна на дрвјата им ја „прави“ косата, веќе наидоа на многу обожаватели, меѓу кои и оскаровката Вајола Дејвис.