На територијата на локалитетот Марински пронајден е редок скапоцен камен тежок 1,6 килограми, објавија властите на регионот Свердловск во Русија.

-Ова е најголемиот смарагд пронајден во земјата во последните 30 години. Исто така ваков скапоцен камен , чија тежина надминуваше два килограми, беше ископан во 1990 година. После тоа, најголем беше каменот од 1,54 килограми пронајден во 2018 година- се вели во изјавата на локалната власт.

Смарагдите се првокласни скапоцени камења кои се во иста група со дијамантите, сафирите и рубините. Во Русија, тие се сметаат за вид валута, без разлика дали се обработени или не.