Во рачно напишани писма, до кои дојде британскиот весник „Сан“, Мајкл Џексон вербално ги напаѓа музичките икони: „Битлси“, Елвис Присли и Брус Спрингстин, како и музичкиот канал Ем-ти-ви во врска со расната нееднаквост. Писмата биле напишани во 1987 година во екот на неговата најголема слава.
Овие писма, кои никогаш порано не биле видени, илустрираат како го користи тој својот гнев поради наводниот расизам во музичката индустрија за да ја поттикне својата слава.

– Црнците не може да бидат на насловната на белите публикации. Мене ми рекоа дека не ставаат Црнци на нивните корици бидејќи тие не се смешкаат. Белите луѓе отсекогаш ги брендираа страниците на историјата, тие секогаш се над Црнците. Така, Елвис е избран да биде крал на рокенролот, Спрингстин да биде шефoт, а „Битлси“ се прогласени за најдобар бенд – напишал Џексон.
Тој признава дека момците од „Битлси“ биле добри, иако додава: „Но тие не беа подобри пејачи или танчари од Црнците“.

Џeксон вели и дека: „Белците ги контролирале медиумите и печатот и тие може да ја натераат јавноста да верува во она што сакаат“.
Џексон напишал и дека Елвис не е крал и дека тој ќе му покаже на Спрингстин кој е шефот.
– Јас сум навистина лут и овие работи мора да се сменат. Мојата цел е да бидам доволно голем и доволно моќен за да станам херој што ќе им стави крај на предрасудите – додава Џексон во досега необјавените писма.