Бритни Спирс (лево) и нејзината сестра Џејми Лин Спирс

Помладата сестра на Бритни Спирс (38), дваесет и деветгодишната Џејми Лин Спирс бара да биде траен старател на познатата пејачка и да се грижи за нејзините пари, пренесува „Лос Анџелес тајмс“. Поп-ѕвездата пред две години одлучила нејзината помлада сестра да го замени нејзиниот татко Џејми Спирс како единствен старател, односно „конзерватор“ – термин што се користи во САД за ваков вид трајно старателство. Бритни основа фонд во 2004 година, за да ја заштити иднината на своите деца.

Судската одлука предвидува дека Бритни Спирс е „единствен корисник“ на парите додека е жива. Одговорност на старателот е да се увери дека, доколку нешто се случи со Бритни, нејзините деца да ги добиваат парите. Бритни има два сина, Џејден и Шон со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн. Добитничката на наградата „греми“ во својот фонд има 57,4 милиони долари заклучно со декември, објави „Лос Анџелес Тајмс“.

Бритни Спирс барала нејзиниот татко да биде заменет како личност која ги контролира нејзините деловни и лични работи, што е за голема промена по 12-годишното старателство определено од судот.

Пред судското рочиште во Лос Анџелес адвокатот на Бритни поднесе документи во кои се вели дека пејачката е против тоа тоа Џејми Спирс да остане да биде траен старател, односно „конзерватор“ со целосна контрола над нејзиниот живот. Во документот не се наведени причините за ваквиот став.

Џејми Спирс таткото на Бритни Спирс беше назначен за траен старател „конзерватор“ во 2008 година, откако таа беше хоспитализирана на психијатриско лекување. Бритни Спирс не настапува во живо од 2018 година.