Меѓународниот фестивал „Охрид-фест – охридски трубадури“ распиша конкурс за нови композиции, кој е отворен до 1 мај. Заинтересираните автори треба да испратат основни податоци (име, презиме, авторската улога во тимот), електронска адреса и телефон за контакт, демо-снимка и текст на македонски јазик, наслов на композицијата; со назнака – за која фестивалска вечер е наменета песната (поп, фолк, интернационална) и композициите не треба да бидат изведувани претходно.

Авторите своите композиции да ги испратат на електронските адреси: [email protected] и [email protected]. Фестивалот ќе има три вечери, поп, фолк и интернационална што ќе се одржат на 5, 6 и 7 септември.
Новитет оваа година е што фестивалот „Охрид-фест – охридски трубадури“ избира двајца дебитанти кои ќе добијат можност да настапат на фестивалската сцена. Демо снимките од нивните композиции треба да се испратат со придружни инструменти, пијано и гитара.