Француската меѓународна ѕвезда и добитничка на „оскар“ Жилиет Бинош ја игра главната улога во новата комедија на режисерот Оливие Асаја, „Двоен живот“, приказна за неизбежноста на дигиталната револуција и сите предизвици што ги носи за сите. Филмот, кој е номиниран на минатогодишниот филмски фестивал во Венеција, ќе се најде на редовниот репертоар на нашите кина од вчера.

Филмот прави паралела меѓу младата генерација, која не е подготвена да се откаже од предизвиците на новата технологија и онаа постарата генерација, која сѐ уште ги прифаќа класичната литература и издавачката дејност. Возрасните веруваат дека никогаш нема да станат вишок, а модерните трендови ги гледаат како егзистенцијални закани.

Новиот филм со Жилиет Бинош е целосна фикција, измислена драма чиј наслов има двојно значење. Приказната го следи успешниот париски издавач Алан, кој се труди да се приспособи на дигиталната револуција и се двоуми за идејата на својот пријател да го издаде својот ракопис. Леонардо, писател боем, во рацете има уште еден ракопис – автофикција за афера со славна личност. Додека се борат со средовечната криза, технолошките промени и односите со своите жени, двајцата влегуваат во проблеми за кои не се ни свесни.

Од вчера, „Двоен живот“ е на редовниот репертоар во „Синеплекс“, „Милениум“ и „3Д кино“ во Битола.